Нема договор: Захариев и штипските пожарникари ќе се видат на суд

Штип, 08.03.2017

  • Најавите дека градоначалникот бил спремен проблемот со парите на пожарникарите да се реши со договор наместо на суд не се остварија. Така се отвори нов штипски случај „Илчо против Илчо“ зашто едно вети-друго направи кон овие луѓе

И покрај пратените емисари, и покрај најавите работата да се заврши со договор, сепак до тоа не дојде. Штипскиот градоначалник Илчо Захариев го прекши даденото ветување за мирна разврска на „Случајот пожарникари“ поради што целиот процес се сели во Палатата на правдата.

Како што Исток прес веќе пишуваше, четириесеттина вработени во територијалната противпожарна единица во Штип од локалната власт побараа да им биде исплатена неисплатената разлика во платите за последните три години. Тие на тоа имаат законско право.

Се работи за законската обврска пожарникарите да имаат за 20 процденти повисоки плати од вработените во локалната администрацција со исто ниво на образование. Захариев тоа право не го испочитувал. Според дел од вработените, поради самоволието на Илчо секој од нив во последните три години е оштетен за  сума од околу 2.500 евра Тоа значи дека вкупната сума која треба да им биде исплатена на сите е околу 100.000 евра. Овие пари, ако тие добијат на суд, ќе мора да им бидат исплатени од општинската каса која ја полнат граѓаните на градот под Исарот.

„Пред два дена Захариев ни прати стројник со барање да не одиме на суд за да ги оствариме своите права. Тоа било со намера општината да не плаќала големи судски трошоци. Ние рековме дека е тоа во ред, побаравме градоначалникот да си ја заврши работата во однос на обврските спрема нас и да го затвориме случајот. Мислевме дека таа работа лесно ќе се заврши. Но што во меѓувреме се случило во главата на Захариев па одлучил проблемот да не се реши по пат на спогодба ние не можеме да знаеме“, ни рекоа дел од пожарникарите.

Овие луѓе еднаш веќе ја „олеснија“ општинската каса поради одбивањето на Захариев да постапува соглано законите зашто. Во Штип е познато дека неговата девиза, откако седна во првата градска фотеља е формулирала во слоганот „јас сум ви градоначалник и јас сум закон во овој град“.

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе