Од четврток до сабота – традиционална книжевна манифестација „Струшки книжевни средби – 2018“
Охрид, 2 јули
– Традиционалната Книжевната манифестација „Струшки книжевни средби – 2018“, годинава, во терминот од 5 до 7 јули, ќе се одржи на повеќе локации во општините: Струга, Охрид, Дебрца и Вевчани.
Тридневната манифестација содржи бројни случувања, како поетски читања, ликовна изложба, мала Ликовна колонија, промоции на книги, доделување на наградата, „Струшко слово“ на добитниците за 2018 година Никола Шимиќ Тонин (Хрватска) и Јордан Ѓорчев (Македонија), доделување на наградата „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ за 2018 година, доделување на наградата „Книжевна далга“, за 2018 година, на добитникот Виктор Шеќероски, како и доделување на наградата „ Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна на средбите.
За учесниците е планирано разгледување на Ликовната галерија во село Белчишта, на природниот резерват “Сини Вирој”, посета на родната куќа и “Спомен собата” на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца во село Црвена Вода.
За учесниците е планирано разгледување на Ликовната галерија во село Белчишта, на природниот резерват “Сини Вирој”, посета на родната куќа и “Спомен собата” на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца во село Црвена Вода.
На истото место, учесниците и присутните гости, ќе имаат можност да го погледаат ИЗБОРОТ од вредните дела на реномирани ликовни уметници – учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, мегу кои: Јордан Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други.
На самото место, на мини ”Ликовната колонија”, свои ликовни дела ќе создава познатото уметничко и брачно дуо: Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, единствени, како такви, на Балканот.
Средбите ќе завршат во сабота, 7. јули, со “Етно хепенинг” – книжевно музички перформанс со Мојца и Питер Андреј (Словенија).Поетите ќе читаат песни од своето творештво.
На годинешните Средби, кои се регионални за 4 општини од ЈЗ Македонија, учествуваат поети од Македопнија, Србија, Хрватска, Албанија, Русија и Словенија.
Македонските и српски писатели се членови на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија, потоа од “ХKД” од Задар и “Ритам мисли” од Вараждин -Хрватска, манифестација во содејство со невладината асоцијација, “Хрватско-македонската Тагента”.
Веле Митаноски