Партијата на пензионер е за општ консензус за промени во изборниот модел

Скопје, 12.06.2019

Партијата на пензионери се залага за општ консензус за промени во изборниот модел, усмерени кон изедначување на почетните услови на  политичките субјекти во изборниот процес, како пат кон вистинска демократизација и еднаквост на сите припадници  на државната заедница.

Партијата на пензионери, реафирмирајќи ги политичките заложби од својата изборна програма за изборите за Собрание во 2016 година, силно го подржува концептот пратениците во Собранието да се избираат според пропорционалниот изборен модел, при што целата држава да биде една изборна единица, со поставување на низок изборен праг кој не треба да биде повисок од 2%, а граѓаните да се изјаснуваат  за “отворени листи“ со преференцијално гласање. Така релативно ќе се подобрат можностите на повеќе политички партии преку нивни претставници да го валоризираат влијанието на своите гласачи во носењето на одлуките во Собранието.

Во врска со наведеното, а заради зголемување на ефикасноста и рационалност во трошењето, ПП се залага и предлага, поради досегашните непродуктивни искуства, да не се организираат избори, на избирачки места, за дијаспората надвор од Републиката.

Поради значењето на предложените измени во Изборниот законик, ПП преферира, ваквите измени да се донесат брзо, но, со најширок можен консезус и вклучување на сите заинтересирани субјекти, а со цел поправеден и поефикасен општествено-политички систем, со кој забрзано ќе се гради демократско, граѓанско, социјално праведно општество на граѓани лојални на Републиката, кои ќе овозможат дражавата побрзо да ги исполни условите за интеграција во ЕУ.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе