Петелот се „пробуди“ и во Скопје

Скопје, 07.04.2017

Во организација на ЈЛБ „Илинеден“ Делчево, а во рамките на саемот на книгата на скопски саем се одржа промоција на илустрираната антологија на еротски афоризми „Будење на петелот“. Во присуство на голем број поклоници на сатирата книгата ја промовираше еден од рецензентите на истата, познатиот македонски сатиричар Васил Толевски.

миле и миро
Миро Георгиевски и Миле Ѓорѓијоски

Свој осврт за книгата имаа и составувачите на ова по многу нешта прво и оргинално издание од областа на илустриураниот афоризам, карикатуристот Миро Георгиевски  и  сатиричарот Миле Ѓорѓијоски.

Пред публиката со свои афоризми се претставија и афористичари  Ацо Георгиев, Јане Атанасов, Атанас Крлевски, а поетесата Анита Бошкова ја изненади публиката со својата интерпретација на афоризми од „Будење на петелот.

Битно е да се напомене дека „Будење на петелот“ е првата илустрирана антологија на еротски афоризми досега издадена во светот. Изборот на афоризми од творештвото од над сто и дваесет сатиричари од Македонија, Србија, Црна Гора, БИХ, Бугарија, Хрватска, Република Српска, Словенија, Полска и Бугарија го направи сатиричарот Миле Ѓорѓијоски, а двеста и четириесетте илустрации специјално правени за оваа книга се дело на карикатуристот Миро Георгиевски.

(с.б.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе