Полицаецот кој симна албанско знаме од јарбол во Куманово не е суспендиран

Со цел да провериме дали полицаецот од Куманово навистина е суспендиран, како што тоа го тврди објавата, Вистиномер се обрати до МВР.  Оттаму ни посочија дека Одделот за внатрешна контрола не утврдил незаконито и непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во наведениот настан, пишува „Вистиномер“

Во продолжение, ви ја пренесуваме објавата на „Вистиномер“ во целост:

Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс која вели:

Нема да премолчиме. Полицаецот што го симна албанското знаме во Куманово е суспендиран. Истиот полицаец што го спроведува законот така што го симнува незаконски поставеното знаме според членот од законот: Знамето на Република Македонија, се пропишува во Законот, с еистакнува со други знамиња согласно со закон и е со поголема димензија од една третина од другите знамиња.

Објавата се однесува на случајот со полицаецот кој на Денот на албанското знаме (28.11.2024), во Куманово качен на автомобил симнал албанско знаме од јарбол. Во врска со овој случај се појави видео кое кружеше на социјалните мрежи.

Кога Министерот ќе побара помош, мораме како совесни граѓани да одговориме. Полицајците со иницијали М.С, Г.М, В.Д добро е сами да се пријават во внатрешна контрола да не ги посрамотиме јавно. Разбирам, изнервирани биле и згрешиле но добро е да преземат одговорност за нивните грешки. Од хулигани може да се очекува се, но не и од полицајциреагираше на Фејсбук новинарот Фуркан Салиу кој го објави видеото од полицаецот.

По ова со реакција се јави министерот за внатрешни работи, кој порача дека МВР ќе преземе дејствија за полицаецот кој го симна албанското знаме и дека е изготвена службена белешка.

Секој еден којшто сторил дејствие спротивно на закон, ќе одговара. Ја видов снимката. МВР ќе си ги преземе сите потребни дејствија во однос на предметното лице заради тоа што тоа лице е полициски службеник и во моментот на снимањето, вршел службени работни задачи. Информиран сум и дека за предметните дејствија е изготвена службена белешка од службеното лице кое е качено на возилото, но и од уште едно службено лице. Едното е од македонска, а другото од албанска националност, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за видеото кое кружеше на социјалните мрежи од полициски службеник кој симнува албанско знаме од бандера, пренесе Локално.

Со цел да провериме дали полицаецот од Куманово навистина е суспендиран, како што тоа го тврди објавата што ја анализираме, Вистиномер се обрати со прашање до МВР.

Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди отвори предмет по допрен глас во врска со добиена видеоснимка на која се гледа како полициски службеник симнува знаме на Р. Албанија од јарбол за истакнување на државното македонско знаме. Од извршените проверки, извршен увид во службената документација и согласно одредбите од Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Северна Македонија, Одделот не утврди незаконито и непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во наведениот настанни одговорија од МВР.

Од одговорот е очигледно дека не е утврдено незаконито и непрофесионално постапување од страна на полицајците поради што и не може да бидат казнети, уште помлаку суспендирани од работа.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека објавата е невистинита.

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе