ПОПГМ: Груевски, преку конфликти, сака да ја избегне одговорноста

Скопје, 18. јануари 2017  

 Граѓаните го препознаа нагонот на Груевски за создавање конфликти со цел да избегне одговорност, но никогаш нема да дозволат тоа повторно да му успее – реагираат, со соопштение, од Партијата на панзионерите на Македонија (ПОПГМ) .

Од таму додаваат дека, на предвремените избори за Собрание на Република Македонија, повеќе од 600.000 граѓани го дадоа својот глас за промени, со што му кажаа збогум на Никола Груевски!

– Никола Груевски и криминализираното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, чие владеење почива на деструкција, криминал, сеење страв и лажење на сопствениот народ, заминуваат во историја. Со промените и со влада која ќе води реални животни политики, нужно доаѓаат слободата, еднаквоста, правдата и просперитетот за сите граѓани на Република Македонија – се вели во соопштението.

(Крај)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе