Белград, 01.03.2018
Како што пишува белградски Блиц, во Пожега се случил невиден досега скандал. Тамошниот поп е фатен со товар дрога, а граѓаните биле шокирани од сознанието дека попот е нивниот парохиски свештеник од парохиската црква во населбата Савинац.
Милан Јордовиќ (41) и поранешниот вероучител Зоран Маринковиќ (43) се уапсени синоќа во Мрчаевци кај Чачак кога во нивниот авотмобил „Пасат“ полицијата открила 27 килограми дрога сканка.
Дрогата била спакувана во 52 пакети во преправен бункер во пасатот со ужички регистарски таблички. По налог на Вишото јавно обвинителство на Јордовиќ и Маринковиќ им е определно 48 часовно задржување после кое ќе бидат предадени на Вишето тужителство во Чачак поради сомнение за неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.
Како што неофицијално дознава Блиц, Зоран Маринковиќ, кој до пред некоја година работел како вероучител во Основното училиште „Петар Лековиќ“ , при апсењето бил облечен во женска облека! Поради тоа полицаецот не сакал да го претресе чекајќи ја колешката да го направи тоа. Се претпоставува дека Мринковиќ се маскирал во жена како би со својот пријател делувале како пар.