Преубава вечер на најдоброто од истокот
Штип, 17.03.2018
Новинарскиот центар „Исток“ при ЗНМ уште еднаш организираше прекрасна вечер на која им беа врачени признанијата на најдобрите репрезенти на источниот регион во одделни области.
Во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе, преку филмови кои беа прикажувани на видео бим публиката можеше да ги види и слушне приказните за најдобрите во стопанството, образованието, екологијата, културата, спортот, класичната музика, невладиниот сектор, медиумите…
Во областа на високото образование признанието Најдоброто од истокот му беше врачено на проф.д-р Кирил Барбареев од УГД – Штип.
Признанието за најдоба педагошки работник во областа на класичната музика и беше врачено на м-р Марија Максимова од средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип.
Општина Пробиштип стана добитник на најдоброто во регионот од областа на селскиот туризам за проектот Лесново.
Тондах од Виница се закити со признание за најдоброто во областа на стопанството.
Бобан Николов, е добитник на признанието за најдоброто во спортот, а наградата ја прими неговиот татко Санде Николов-Цане.
Рудникот Саса ја понесе наградата за децениски континуиран влог во заштита на животната средина.
М-р д-р Гоце Стојменовски во Делчево се врати со признанието за најдоброто во здравството.
Порталот Комарец и неговиот сопственик Славчо Ивановски можат да бидат горди на признанието за најдоброто во медиумите.
Амброзија од Пехчево го понесе признанието за најдоброто во невладиниот сектор.
Виница го имаше најдоброто во културата, а тое е фестивалот на хумор и сатира Ин Виница Веритас.
Еко пак хит од Кочани стана носител на признанието за најдоброто во екологијата.
Стефан, Марија, Никола, Гордана и Андреа и нивниот ментор м-р Петре Петковски oд штипската гимназија „Славчо Стојменски“ го примија признанието за најдоброто во иновативната дејност.
Наградата за ЖИВОТНО ДЕЛО му беше дадена на Проф.д-р Методи Чепреганов за неговиот 58 годишен придонес за доброто здравје на нацијата.
Во програмата учествуваше и штипската група „ЃоМиЖиСто“ и Ивана а преку видео бим публиката ја слушна и прекрсната „Серенада“ со м-р Марија Максимова на пијано и м-р Виолета Арсовска сопран.
Целата вечер перфектно беше синхронизирана од водителите Тони Михаилов и Тања Велкова.
Универзитетот „Гаврило Романович Державин“ по третпат едноподруго се покажа како исклучителен домаќин што беше забележано од сите присутни на вечерта на „Источните оскари“ како што популарно се нарекува оваа единствена манифестација.