РУДНИКОТ САСА, АКТИВА, КИТ ГО, АМФЕНОЛ, БУЛМАК И МАКПРОГРЕС МЕЃУ 100 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА

Штип, 07.10.2018

Источниот плански регион има десетина стопански фирми кои со своите перформанси се издвоија од другите и се вброија меѓу стоте најуспешни компании во државата.

Изборот го направи Еуро Бизнис Центар Скопје. Во предговорот на изданието за 200 најуспешни компании во државата, при што ние се задржавте на првите сто, министерот за економија Крешник Бектеши запича:

„Во едицијата 200 најголеми и најуспешни фирми во Македонија се претставени компаниите кои во 2017 година успеаја да се издвојат по своите перформанси врз основа на податоците добиени од Централниот регистер на Република Македонија. Се работи за компании кои минатата година оствариле најголем приход и профит“, запиша министерот Бектеши.

НАЈГОЛЕМИ

САСА –  Во супер лигата на најголемите фирми од нашиот регион најдобро стои рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица кој е рангиран на 18 место во државата. Тоа е за 14 места подобро од 2016 година. Овој рудник во 2017 година остварил вкупен приход од 6,4 милијарди денари, што е за 74 проценти подобар резултат од 2016 година. САСА остварила добивка пред оданочување од 2,9 милијарди денари, а во неа, минатата година работеле 688 лица.

САСА е на 40 место и меѓу 50 најбрзо растечки фирми во државата.

АМФЕНОЛ: оваа кочанска компанија е на 39 место меѓу 200 најголеми фирми со остварен вкупен пригод од 3,77 милијарди  денари што е раст за 29,05 проценти во однос на 2016 година и со 330 милиони денари добивка пред оданочување.

КИТ ГО“-Штип на листата на 200 најголемите компании во Македонија го зазема 50 место со вкупен приход од 2,8 милијарди денари (раст од 39,33 проценти во однос на 2016) , со добивка пред одданочување од 616 милиони денари и со 616 вработени.

„МАКПРОГРЕС“ – Виница е на 80 место меѓу стоте најголеми фирми со вкупен приход од 1,8 милијарди денари (раст од 3,22%) со добивка пред одданочување од 108 милиони денари и со 585 вработени.

АКТИВА ДООЕЛ – Штип со 1,75 милијарда денари вкупен приход (раст од 15,29%) , со добивка пред одданочување од 293 милиони денари и со 409 вработени лани била на 85 место во државата во друштвото на најголемите фирми.

 

Актива
Актива

АКТИВА е на 13 место во државата во категорија на најбрзорастечки компании.

НАЈУСПЕШНИ:

Во категоријата најуспешни МЕЃУ ПРВИТЕ 100 ВО ДРЖАВАТА, од Источниот плански регион најдобро стои кочански АМФЕНОЛ кој е на 18 место, БУЛМАК –Пробиштип (Рудници Злетово и Тораница) е на 32, АКТИВА на 33, ТАБ МАК-Пробиштип на 37, ЈП ХС „ЗЛЕТОВИЦА“ на 47 , ТОНДАХ МАКЕДОНИЈА на 51, РОБИ ТЕЛЕКАБЕЛ на 73 и КИТ ГО на 85 место.

НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ:

 Во оваа категорија најдобро рангиран е БУЛМАК од Пробиштип кој е на првата позиција како најбрзорастечка фирма во државата.

Штипска АКТИВА е на 13 место.

Рудникот САСА е на 40 место

    КИТ ГО е на 46 место.

НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ:

ЏОНСОК КОНТРОЛС од Штип е на 7 место во државата со 1965 вработени.

АМФЕНОЛ Е НА 14 позиција за 1221 работник.

САСА е на 36 место со 688 вработени,

БУЛМАК со 636 вработени е на 40 место

КИТ ГО со 616 вработени е на 43 место и

МАКПРОГРЕС е на 46 место со 585 вработени.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе