Свети Николе, 18.12.2020
Киноверзум, првото 3D кино во североисточниот, источниот и југоисточниот дел од нашата држава, , Киноверзум, прослави една година од отворањето. Всушност Киноверзум ги отвори своите врати за публиката на 14-ти декември 2019, и во првите три месеци од работењето имаше околу 10.000 посетители.
Киноверзум се наоѓа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе и работи секој ден.
Поради пандемијата Киноверзум не работеше 7 месеци но киното повторно ги отвори своите врати за публиката на 3-ти октомври 2020.
Досега во Киноверзум се прикажани над 45 филмски наслови од домашна и странска продукција пред публика од околу 11.000 луѓе. Киноверзум во моментов работи секој ден со две проекции – од 19:00 и од 21:00 часот.
Програмата можете да се види на Фејсбук, Инстаграм или kinoverzum.mk.