СКАНДАЛОЗНО:Груевски ја лаже целата Македонска јавност во живо на Алфа, го обвини СДСМ дека ги ослободил Красниќи и Бајруш, а тие скапуваат во Штипскиот затвор!
Дефинитивно опозицискиот лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски „пука“ во празно и тресе зелени без да ги провери информациите. Вечерва во ЖИВО на Алфа Телевизија тврди дека се ослободени најглемите криминалци од страна на СДСМ
Господине Груевски зарем немате „ПР“ служба и Центар за Комуникации кои Ве информираат за состојбите во државата? Го обвинивте СДСМ вечерва дека ги ослободил од затвор најголемите криминалци Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу!
Редакцијата на ИнфоЦентар веќе неколкј пати пишуваше за ова и објаснуваше дека вашите пулени од КУРИР ве ЛАЖАТ, ниту Бајруш ниту Агим е на Слобода, за жал или ваша „среќа“ тие се во Затворот во Штип. Да, Бајруш Сејдиу беше ослободен поради здравствени проблеми со сопругата одлука донесена од Министерството за правда и Упрвата за извршување на санции и се разбира судовите се известени за ова,истиот по еден месец прекин на казна е вратен во КПД ШТИП, додека Агим Красниќи освен користење на погодност (Домашно отсуство) – викенд од два дена кој според закон го следува и ги има искористено како и секое друго осудено лице. Пред да обвините како и досега што обвинувавте и правевте од нас што ќе стигнете, Ве замолуваме да бидете КОНЕЧНО ПРАВИЧНИ и да барем еднаш ја кажете ВИСТИНАТА. Без гајле и Бајруш и Красниќи се во КПД Штип на доотслужување на затворската казна. Проверете си од екс директорката на санкции Гаврилоска и екс директорот на штипскиот затвор Васил Коцев -Жаба.
За разлика од Вас ние ја пишуваме Вистината, ги проверивме сите околности и ја објавуваме оваа вест со ДОКАЗ и Поткрепена со Изјави од сите инволвирани. Мислиме дека не треба да бидат споменувани/злоупотребувани имиња на лица кои по 9 или 10 години скапуваат по Македонските затвори а Вие ги нарекувате „ОСЛОБОДЕНИ КРИМИНАЛЦИ“, Проверете си ја информацијата и ИЗвинете се на фамилиите на овие луѓе кои семејствата знаат каде се и како поминуваат.
реакција на осуденик, идентитетот познат на редакцијата на ИнфоЦентар.Мк