Свети Николе, 28.04.2021
По повод 28 април, Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, денес ректорката на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, проф. д-р Ленче Петреска, и претседателката на Сенатот на МСУ, проф. д-р Павлина Стојанова потпишаа Декларација за здрави и безбедни работни места.
Со потпишување на декларацијата како институција се обврзуваме да продолжиме да обезбедуваме здрави и безбедни работни места, како основно право на вработените, во согласност со препораките на Меѓународната организација на трудот.
Го користиме овој ден за да потсетиме за важноста на усвојувањето на безбедни практики на работните места и улогата што ја играат услугите за безбедност и здравје при работа, изјави ректорката Петреска.