Средношколци од регионот ќе го посета Европскиот парламент во Брисел

Делчево, 29.01.2019

Триесетина средношколци од Делчево, М. Каменица, Пехчево, Берово и Виница, во придружба на наставници и претставници од општинската администрација, на почетокот на идниот месец ќе го посетат Брисел и Европскиот парламент.  Посетата на европската престолнина ќе се организира  од 4 до 6 февруари, а целта на патувањето е учениците да се запознаат со работата на Европскиот парламентот и европските пратеници, начинот на донесување закони и одлуки, а планирани се и средби со европратеници.

Оваа посета на Европскиот парламент се реализира на покана од потпретседателот на Европската народна партија и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и на иницијатива на нашиот сограѓанин Венци Димитровски, а патувањето е финансиски поддржано од Фондацијата „Бугарско сеќавање“ од Софија на д-р Милен Врбевски.

Како што истакна Венци Димитровски, во Брисел ќе патува и втора група ученици. Согласно со планираната програма, втората група ученици од регионот ќе го посетат Брисел во текот на месец април.

Инаку, соработката со Фондацијата „Бугарско сеќавање“ на д-р Милен Врбевски и Општина Делчево продолжува во делот на образованието и надградбата на капацитетите на наставниот кадар.  Во текот на идниот месец наставен кадар од делчевската гимназија и од детската градинка „Весели цветови“ ќе ја посетат приватната гимназија и приватната детска градинка во Софија основани од Фондацијата.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе