Ој Радо, ој Радмило што се Скопје загадило? Зошто му се ушите трампави на Војводата од Белата куќа, а нам Црна ни стигнала до гезот!? Сите ние кутри, бивши – од попот Зорана до Попевци! Еј ти сестро СПЦ што не снајде од мајка БПЦ, те за пет пари ќе не купи ГПЦ!
Овие и уште многу други мајтаплаци и мудролии ни ги истурија пред нозе ненадминатите можи вевчанци. На сред село не пречека киметот, додека го бричеа зетот, пред да почне,на маските, слетот! Со Виктора – братот и Доналда Трампо си го закачивме на вратот!
Кај Нацета Ќушко, со дружината, хроничарот на Вевчани – од дамнината. Кој коњ ќе фатат тој ќе ја врши сламата, на активистите од Анима-мунди им ја заплакаа мамата! Бело куче од шпише ракија пиеше, додека жута Рада ситно оро си виеше!
Ој Радо, ој Радмила, шта си самном учинила!? Ја ти коси руси мазнам, а ти мене – со затвор ќе те казнам!!!