Охрид, 10. Август
– На апелите на уметниците, учесници на фестивалот “Охридско лето”, за спас на Охрид и неговото езеро, односто за зачувување на статусот, како град под патронат на УНЕСКО (Александар Попоски, Влатко Стефаноски, Дуке Бојаџиев), синоќа се приклучи и самата институција – влијателна гранка на Обединетите нации.
Преку Светската академија за поезија на УНЕСКО, со седиште во Равена, а во организација на Македонската академија на науките и уметностите и општина Охрид, синоќа, во присуство на бројни членови на МАНУ, дипломати, универзитетски професори, поети и други љубители, во “Куќа на Уранија” – Ману во Охрид, беше одржана уметничка вечер: “Поетите за Охрид”.
Поезија читаше, една песна специјално напишана за поводот, поетот од Белград Мајо Даниловиќ, член на Светската академија на поезијата и претседател на Одделот за словенскиот свет.
Тој пренесе поздрави и специјална порака во прилог на заштитата на универзалните вредности на Охрид, испратени од генералниот секретар на Академијата, Лаура Троиси.
Академик Катица Ќулафкова, предавајќи го поетскиот портрет на Даниловиќ, мегу другото забележа:
Поетот Даниловиќ се трансформираод автор кој ја следи својата инспирација во автор кој започнува да се прашува за тоашто всушност е поетската творба, што прави поетот, каква е неговата мисија, дали песната претставува општо добро, како еден интимен свет се трансформира во универзален, всушност, како еден универзален архетип на создавањето и творењето, со и во јазикот, може да поприми интимен, личен белег.
Официјално обраќање, во името на градсот, го имаше претседателката на Градскиот совет, Живка Ангелеска.
-Случајно, или не, УНЕСКО и поетите, односно МАНУ, во рамките на ,,Научната и уметничка визита – Охрид 2019,, осмислиле, поетите да го дигнат својот глас против загрозата на Охрид, токму на Денот на Свети Климент Охридски, патронот-заштиник на Охрид. Во таа функција е и вечереашниот настан и јас верувам дека уиметноста, уметниците – сликарите, музичарите, поетите и сите други, можат да помогнат, да се спаси убавината на светот, во нашиов случај – убавината и светоста на Охрид, потенцираше Ангелеска.
Вечерта беше збугатена со виолинистичкиот настап на Доминика Македонска, дипломец на Кралската музичка академија во Лондон, дојдена од Глазгов Шкотска, да живее овде со својата ќерка Кејт – Кате, која, на македонски ја испеа “Македонско девојче”.
Даниловиќ е еден од најплодните совремнени автори на балканскиот простор. Објавил осум самостојни књиги песни, две заеднички књиги песни, коавтор е и селектор на три алманаси, приредувач на Зборникот песни “Момчилова фрула”.
Објавуван е во Србији, БиХ, Хрватска, Македонији, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Пољска, Италија, Канада…
Застапен помегу авторите од 10 славенски земји во ,,Антологијата на славенската уметност”, публикuвана во Пољска, во канадската “Антологијија: Поети за мир во светот”, еден е од авторите собрани во интернационалниот културен пројект ,,Диоген Про Култура,,.
Во 2016, во Верона, учествувал на свеченостите по повод 400. годишњина од смрта на Вилијам Шекспир.
Носител е на десетици и десетици први агради, пофалници и признанија, мегу кои и на Првата награда, Меѓународен фестивал за поезија “ЗЛАТНИ ПЕСНИЧКИ ПРСТЕН”,, награда ДУШАН МАТИЌ, Годишња награда на публиката за наубава песна, Прва награда, ,,ВИДОВДАНСКИ ПЕСНИЧКИ СУСРЕТИ,, на Здружение на писатели, Прва награда “ТРАГОМ НАСТАСИЈЕВИЋА”,, ,,ПЕСНИК ГОДИНЕ 2017., на Агенцијата за уметничко создавање “Арте” – Белград, 2018, Награда за најдобра прочитана песна на – Струшки книжевни средби…
Следна активност на Научната и уметничка визита – Охрид 2019” е во понеделник, 12 август, исто така од 2о часот – предавање на Трифче Сандев, на тема: Шест степени одвоеност: мит или светот е навистина мал”?.
Веле Митаноски