Свети Николе, 02.12.2017
Учесниците кои ја претставија Македонија на 19-тиот Светски фестивал на млади и студенти вчера остварија средба со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, неговата екселенција Олег Шчербак. Драгоцената средба се одржа во хотел Русија во Скопје.
![Младите му врачија благодарница на амбасадорот Шчербак за неговиот придонес во реализацијата на големиот настан во Русија](https://istokpress.mk/wp-content/uploads/2017/12/1-Medium-22.jpg)
На средбата учесниците му ги пренесоа на амбасадорот на Руската Федерација своите впечатоци од фестивалот. Притоа,младите и студентите го изразија своето задоволство што им беше укажана можноста да бидат дел од овој неверојатен настан.
Значаен придонес во подоготовката на македонската делегација даде и Амбасадата на Руската Федерација во Републик Македонија, Во тоа име чесниците му врачија благодарница на амбасадорот Олег Шчербак.