Штип, 08.02.2019
Општина Штип во соработка со Министерство за образование и наука започнаа со решавање на децениски проблем во основното училиште Тошо Арсов во Штип.
Се работи за замена на дотраените прозори во ова училиште кои со години беа проблем на учениците и на наставниот кадар во ова училиште.
„Ова е една од капиталните инвестиции на Министерство за образование и наука и ќе чини 7,8 милиони денари. Најголем проблем во делот на образованието во градот беше замената на прозорите во ова основно училиште. Родителите и децата се жалеа, не само од аспект дека училниците се ладни туку и од аспект на безбедноста на децата.
Оваа локална власт заедно со централната влада предводена од СДСМ работи на решавање на клучните проблеми од општественото живеење. Токму затоа овој децениски проблем се решава, а е во вредност од околу 7,8 милиони денари со вклучен ДДВ,“ изјави градоначалникот Бочварски.
Општина Штип од својот буџет одвои 7,2 милиони денари за останати реконструкции во другите образовни институции.