Добра вест е што изминативе два дена, на “Преспа форумот за дијалог” (ПФД), кој се одржува во градот Струга, а во слободните активности и сместувањето и во Охрид, дојдоа високи претставници од земјите на Западен Балкан и Регионот.
Но, уште подобра вест е што, иако беа најавени, не дојдоа, освен што некои се обратија со видео пораки, уште и од елитната бриселска бирократија, како и корпулентниот американски функционер Ескобар, задолжен за средување на непослушните и палави балкански деца.
Ова е шегата, и да е само шега, што вчера и денес може да се слушне во Охрид, а богами и во соседна Струга.
Имено, добро е, како референца, во Струга и Охрид, во исто време, да бидат претседатели и премиери од повеќе земји, како што е сега, во случајот, со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Со видеопорака пред присутните се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателката на Европскиот парламент Мацола, потоа Мишел и други официјални лица.
Добро е што тука беше и македонскиот премиер Ковачевски, заедно со црногорскиот и премиери од други балкански земји.
Но, не е добро од нивното присиство да се прави безбедносен спектакал.
Чуму 24/7 завивање на полициските возила и возилата за брза помош!?
По кој протоколи и стандарди се прави тоа, колку е тоа општ стандард припишан со правила и мерки, а колку лична одлука на лицата што седат зад воланите?
По кој стандарди и потреби, возачите и пешаците, “уште само 5 (пет) минути!” треба да чекаат, откако официјалната колона од возила, веќе заминала од крстосницата?
Истото се случува и на патната делница од Подмоље до Охрид, или, како велат охригани-стариот пат за Струга, кој, токму во очи на Форумот, беше ставен во функција, откако делницата по трасата на новиот пат во изградба, е затворена заради градежни зафати.
Охригани и официјалната локална власт се побунија за тоа.
Можеше ли да се почека уште два три дена, или не ?
По кој стандарди, се затвара автопатската делница Кичево – Охрид, кај аеродромот полоивна час пред слетувањето, или, полетувањето на авионите на балканските државници, заедно “со уште 5 минуити!” дополнителен “бону”с, откако колоната со возила ќе замине за Охрид, или Струга?
Насекаде.ли е така во светот, или, пак, ние сакаме да покажеме колку сме ревносни кон високите гости и колку сме “сериозна” држава која ништо не пропушта на играта на случајот?
Чест секому, ама, вересија никому!
Охригани, денеска, тоа го манифестираа со долготрајни, спонтани завивања на сирените, на неколку крстосници во градот,
На ист начин, како што тоа го прават возачите на полициските автомобили – чистачи, заедно со возачите на автомобилите за брза помош.