Штип, 19.10.2018
Денеска во населбата Сењак 4 во Штип, беше отворен еко парк. Се работи за донација од страна на две фирми, Адиент и Пакомак во вредност од 240.000 денари. Овие пари се искористени за набавка на клупи, детски лулашки, корпи за отпадоци и други реквизити за забава и игра на најмалите.
Присуствуваме на убав настан на мое и, верувам, на задовоство на задоволство на сите граѓани. Имавме едно игралиште коешто беше заборавено, а еве денеска, благодарение на општествено одговорните фирми Адиент и Пакомак во соработка со Општина Штип поставени се неколку клупи, детски лулашки, корпи за отпадоци, засадени се неколку дрвца ѐа сето тоа да им користи на граѓаните и на дечињата кои живеат овде“,рече градоначалникот Благој Бочварски.
Актуелната локална власт и градоначалникот Бочварски се во постојан контакт со многу општествено одговорни компании кои често излегуваат во пресрет на Општината и на граѓаните и придонесуваат за разубавување и урбанизирање на нашиот град.