Штип, 11.12.2020
Опозициската ВМРО ДПМНЕ има панична политичка потреба на секој начин да ги спречи, односно да ги направи неуспешни вонредните избори за градоначалник на Штип кои ќе се одржат задутре, на 13 декември годинава. Во отсуство на било каков друг адут, најголемата опозициска партија посегна по плашење на штипјани ставајќи ги изборите во контекст на нивното здравје.
Во тоа име синоќа и во раните утрински часови станбените згради, поштенските сандачиња во нив, куќите и дворовите на штипјани, јавно прометните површини беа прекриени со памфлети на кои пишува:
-Не излегувајте да гласате бидејќи секој глас е за Заев.
-Не излегувајте да гласате во време на пандемија кога имаме по 1.000 заболени дневно!
-Не излегувајте да гласате на избори кои чинат милиони, а луѓето немаат пари за лекови!
-Не излегувајте на гласање на избори кои се параван за спас на фамилијарни бизниси!
-Чувајте си го здравјето не дозволувајте да ве лажат. Не излегувајте да гласате.
Ова стои во флаерите-памфлети растурени во илјадници примери низ Штип.
Но, не мируваат партиските опозициски активисти ниту на социјалните мрежи.
„Биди паметен-не гласај“-пишува во една таква објава.
„Стоп за корона избори во Штип“-стои во друга објава….и така во недоглед.
Секако дека ова се лаги и манипулации на вмровци, зашто тие на избори не одат бидејќи сите нивни истражувања покажаа дека ни под разно не можат да му парираат на д-р Сашко Николов на овие избори.
Втора голема лага е дека во Штип дневно има 1.000 заболени…Во последните два дена, вчера и завчера имаше вкупно 38 заболени. Вчера – 20, завчера-18.
Трета голема лага е дека гласот на граѓаните е глас за Заев. Тоа е глас за д-р Сашко Николов, зашто кога личност станува градоначалник тој е тоа на сите граѓани во една општинска заедница.