Штип, 07.07.2021
На покана на раководството на рудникот за бакар Боров Дол, денес во посета на овој стопански капацитет беше градоначалникот на Штип д-р Сашко Николов.
Ова посета беше од значење бидејќи со пуштањето во работа на рудникот за бакар Боров Дол, Штип покрај метропола на текстилот, за првпат во својата историја стана и рударска општина, а првиот граѓанин на Штип посака изворно и на лице место да се запознае со она што преставува Боров Дол..
Николов имаше средба и разговори со Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол и со неговиот тим, а по средбата штипскиот градоначалник го разгледа површинскиот коп.
Инаку, рудникот Боров Дол зафаќа територија на три општиниа-Штип, Конче и Радовиш и со своите капацитети и планирано производство тој ќе има значителен придонес во економскиот и социјалниот живот на овие три општини.