ШТИП: Завршен митинг на коалицијата „Можеме“

Штип, 11.07.2020

Со говори на кандидатите за пратеници Емилија Рамбабова и д-р Сашко Николов, на градоначалникот Благој Бочварски, на носителот на листата за пратеници во третата изборна единица Љупчо Николовски, и на Венко Филипче, вечерва во Штип, на плоштадот „Слобода“, се одржа завршниот митинг на коалицијата предводена од СДСМ.

pl02Настанот го отвори познатата оперска пеачка, штипјанката Елена Голомеова која живее во Ница и во Париз и работи во тамошните опери, а која ја исполни државната химна.

pl01Во своите говори Рамбабова, д-р Николов, Бочварски, Николовски и Филипче уште еднаш ги набројаа успесите кои владата на СДСМ предводена од Зоран Заев ги направи во државата. Тие ги повикаа штипјани во среда, на 15 овој месец, да излезат на избирачките места и да го дадат својот глас за СДСМ и коалицијата „Можеме“ зашто само оваа коалиција напорно работеше да ја внесе државата во НАТО, и напорно работи на нашиот влез во Европската Унија.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе