ШТИП: Киро Глигоров носител на орденот „Свети Никола“

Штип, 15.12.217

Првиот претседател на Република Македонија, угледниот политичар во поранешна Југославија и прв кормилар на Република Македонија во годините на нејзината независност е годинашниов добитник на орденот „Свети Никола“ кој го доделува градоначалникот на општин Штип.

Носители на признанието „19 Декември“ се стопанственикот Трајан Ангелов, архитект на логистичката компанија „Квенбергер логистик Македонија“, актерките Сања Арсовска и Наташа Петровиќ и фубалскиот репрезентативец на Македонија Бобан Николов.

Носители на признанието „19 Декември“ се стопанственикот Трајан Ангелов, архитект на логистичката компанија „Квенбергер логистик Македонија“, актерките Сања Арсовска и Наташа Петровиќ и фубалскиот репрезентативец на Македонија Бобан Николов.

Ова денес, на конференција за медиумите, го обзнани градоначалникот Благој Бочварски. Според Бочварски, станува збор за личности успешни во она што го работат, а зад кои стојат вонредни остварувања кои се од значење за позитивната легитимација на градот и општината пред светот.

„Како штипјани мораме да научиме да ги цениме вистинските вредности и да ги испочитуваме вистинските македонски херои и патриоти. Затоа,чест ми е да обзнанам пред јавноста, дека оваа година одличјето Орден Свети Никола постхумно му го доделуваме на првиот претседател на Република Македонија, нашиот сограѓанин, Киро Глигоров. Како негови сограѓани, имаме должност да ги зачуваме од заборав неговите големи достигнувања, да покажеме доблест и капацитет да му го обезбедиме вистинското место во историјата на нашата земја“, рече градоначалникот Бочварски..

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе