Штип, 03.11.2022
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денес беше во посета на Штип при што водеше разговори со Горан Трајков, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и д-р Митко Штерјов, директор на Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј-Штип.
„Првпат сум во Штип и сум импресионирана од работата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ кој центар претставува позитивен пример во државата во однос на работата и користењето на буџетските и сопствените средтва за прогрес во сферата на културата, односно унапредување на работата на оваа институција, рече министерката.
Таа ја пофали оваа културна институција и за нејзиниот однос кон штедењето на електричната енергија согласно препораките на Владата.
„Импресионирана сум од работата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ кој центар претставува позитивен пример во државата во однос на работата и користењето на буџетските и сопствените средтва за прогрес во сферата на културата, односно унапредување на работата на оваа институција“, рече министерката.
-Штипскиот Центар за култура има највисоко ниво на заштеда на електрична енергија, што е од посебна важност, зашто ние како министерство сме посветени на реализација на мерките на владата, така да кризата со енергијатан нема да има влијание врз работата на НУЦК „Ацо Шопов“, порача министерката Бисера Костадиновска Стојчевска.
На новинарско прашање дали Министерството идната година ќе го финансира Макфест министерката со следниот одговор:
-И годинава министерството издвои средства за фестивалот, но Општина Штип ги одби, ако за наредната 2023 година општината аплицира за средства за фестивалот стручната комисија при нашето министерство ќе се произнесе по апликацијата и ќе донесе соодветна одлука.
Министерката даде многу надежна изјава во однос на вработувањата на младите во културата по нивното дипломирање на факултетите.
-Законот за култура сеуште е во изработка но во него посебно поглавје ќе има за младите со отворање можности за нивно вработување во институциите од културата веднаш по дипломирањето, рече министерката.
Во раговорот со д-р Митко Штерјов во штипскиот музеј министерката се интересираше за реализацијата на годишната пртограма и за тоа до каде е институцијата со археолошките истражувања и како министерство таму може да помогне. Интересот на миинистерката беше насочен и кон проектите кои оваа институција ги предлага за 2023 година. Министерката го искажа своето задоволство и од работата и остварувањата и на Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј – Штип.