Штип, 18.03.2019
Според извештајот од проектот „Следење на принципите на јавна администрација во зачувување на вредностите на добро управување“, финансиран од Европската унија, Општина Штип е најтранспарентна Општина во државата. Ова се должи на фактот што Општина Штип е секогаш отворена за соработка со сите кои покажале интерес за тоа, отворена за граѓаните и сите информации и активности ги споделува со јавноста.
Граѓаните се консултирани и навреме известени за сите проекти и активности што ги презема локалната самоуправа.Покрај останатите барометри кои покажуваат дека Општина Штип е лидер во многу активности и ова истражувањето покажува дека Општина Штип е најдобро рангирана во однос на објавувањето и информирањето на граѓаните во врска со финансиите и буџетското работење.
Ова е доказ дека Општина Штип заедно со граѓаните создава буџет и се слуша гласот на секој жител на општината.
Со истражувањата се опфатени 81 општина во државата и Општина Штип има индикатор на индекс на транспарентност 61,54 % и е прво рангирана на листата на општини по барометарот на транспарентност.
Ова е показател дека новата локална власт се разликува од работењето на претходната власт, која беше пример за нетранспарентност, но и мотив повеќе за нас да продолжиме и понатаму заедно со граѓаните, бизнис секторот, невладините организации и сите останати чинители во нашата општина да ги планираме активностите и заеднички да ги планираме и трошиме секој денар на граѓаните.
Ова, на денешна конференција за медиумит го изјави Билјана Казанџиска од локалната самоуправа.