Штип, 01.08.2019
Општина Штип преку приватна фирма во наредниот период ќе работи на осветлување на влезот во градот од Скопје. Се работи за нови лед светилки поставени на столбови со висина од 9 метри кај Кампус 4 на новиот тротоар, на новиот кружен тек кај населба Пребег и на улицата од кружниот тек до улицата Партизанска.
Со ова дополнителни 2,4 километри на влезот во градот Штип ќе добијат осветлување.
„Ќе имаме три нови локации со ново улично осветлување, со нови 78 столба коишто ќе имаат девет метри висина и целата оваа јавна набавка е завршена преку електронска аукција по закон за јавни набавки за 4,5 милиони денари,“ изјави градоначалникот Бочварски.