Штип, 22.04.2021
Во Штип квалитетно се завршени сите подготовки за почеток на масовна вакцинација на населението против Ковди 19.
За оваа потреба прилагодена е спортската сала „Јордан Мијалков“ во која ќе се вакцинираат граѓаните од Источниот и Југоисточниот регион.
Денеска Градоначалникот на Општина Штип д-р Сашко Николов ја посети салата “Јордан Мијалков”. Првиот граѓанин на Штип изјави дека општината ќе пружи логистичка подршка во секоја смисла.
Во салата ќе има 22 кабини за вакцинација, 80 столчиња за опсервација после вакцинација, 3 болнички кревети за итна медицинска помош и персонал. Ќе биде поставена пријавница за вакцинација и за излез. Посебно место ќе има за фрижидерите во кои ќе се чуват и одржуваат вакцините.