Штип, 22.11.2019
Како да препознаете тромбоза? Болест од која во светот боледуваат три милиони луѓе?
Како да пристапите кон болеста, како таа се спречува икако се лекува, која терапија е најдобра, кога да се отиде на лекар?
На оваа тема денес во големата сала на Општина Штип интерактивно предавање оддржа д-р Мери Шорова. Организатори беа Општина Штип и Општинската организација на Црвениот крст.
На предавањето присуствуваа главно луѓе од третото доба зашто нив најмногу ги погодува тромбозата.Д-р Шорово ги упати во процесите на исхраната при што рече дека лукот и куркумата помагале многу како и витаминот Е, а тука се и активниот живот со пешачење, елиминирање на пушењето и слично.
Беше организирана и мини-работилница за совладување на основните техники за укажување прва помош кај лицата од трето доба. Присутните добија добри информации како да постапуваат во случаи кога некое лице е во бессознание и како на тоа лице да му се укаже прва помош и да му се спаси животот.
Присутните упатија и поголем број прашања сврзани со нивното здравје на што добија релевантни и корисни совети од д-р Шорова.