Штип, 09.12.2018
Студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ станаа државни прваци во натпреварот за симулирано судење. На овој натпревар учествуваа студенти од сите универзитети во Македонија.
Симулацијата беше на хипотетички случаи базирани на реални настани. Студентите беа оценувани од комисија составена од судии, јавни обвинители и адвокати.
Студентите од УГД беа под менторство на професорите Лазар Нанев, Олга Шишевска и Елена Максимова.
Лазар Тасев, студент на трета година на Прваниот факултет при УГД ја освои наградата за најдобар обвинител.
Прваците во оваа исклучително важна област за нашето општество неделава ќе бидат примени од проф.д-р Блажо Боев, ректор на УГД и од Благој Бочварски, градоначалник на Штип.