Штип, 22.01.2018
Старата депонија во Штип која се наоѓа на потегот помеѓу населбите Железничка, Пребег и Ново село мора да се исчисти е став на локалната самоуправа. Се работи за локација за којашто пред петнаесетина години беше донесена одлука да се потрупа со градежен материјал, земја и шут, со забрана на истата повеќе да не се фрла никаков отпад зашто за тоа градот ја има депонијата Трештена скала.
-Факт е дека сè уште постојат граѓани кои го загадуваат овој простор со отпад. Според Закон за јавна чистота, загадувањето со отпад е казниво, па затоа мој апел до сите наши сограѓани е да не го фрлаат отпадот на ова место и да се обидат повеќе и поодгоровно да се грижат за чистотата на овој дел од нашиот град, кој од ден на ден сè повеќе се развива. Треба да се знае дека на овој потег секојдневно пешачат и се рекреираат не само граѓаните од населбите Пребег и Железничка, туку и од целиот наш град. Со совесно граѓанско однесување можеме да ги спречиме непријатните глетки кои ги создава отпадот во овој дел, изјави градоначалникот Благој Бочварски.
За чистење на оваа локација бившата власт редовно распишувала тендери, но и покрај тоа што средствата биле исплатувани, работата на терен не била извршувана!
Чистење на старата депонија треба да се прави редовно, но немарниот однос на претходната локална власт ридонесе оваа локација да не биде чистена подолг период. Интересно е дека за чистење на оваа локација секогаш биле распишувани тендери, но и покрај тоа што тендери биле распишувани, а средствата биле исплатени, работата на терен не била извршувана.
-На почетокот на оваа календарска година започнавме да ја чистиме оваа локација, за да имаме здравата и чиста животна средина, што е во интерес на сите граѓани. Ние како општина, со општините од регионот сме вклучени во работата за отворање регионален центар за управување со отпад, каде со најмодерна технологија ќе се складира отпадот, а со минимално влијание врз животната средина, рече Бочварски.