Oхрид, декември 14, 2016
Откако претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Аргировски го потпишаМеморандумот за изборна соработка со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, се истури лавина од неодобрување во повеќе македонски градови, мегу нив и во Охрид, каде на јавна трибина, поголема група пензионери, го искажавме револтот, побаравме негова оставка и испративме писмен поднесок до општинското здружение во Охрид, јавно да се огради од постапката на Аргировски. Побаравме
и прием, истото и усно да го соопштиме, на што ни беше позитивно одговорено.
Тројца претставници од незадоволните, во просториите на Здружението се состанавме со неговото комплетно раководство: претседателот на Здружението, претседателот на Собранието, делегатот во Собранието на Сојузот во Скопје и секретарот на Здружението. Тројца на тројца! Тие беа повикале и новинар, кој пишува за весникот на Сојузот “Пензионер”.
Усно, го повторивме, она што го баравме во писмениот поднесок: дали било кој од нив, поединечно, или како орган на Здружението, бил консултиран, или дал поддршка на потписот на Аргировски на Меморандумот.
МОЛК!
И бидејќи, ќутењето (МОЛКОТ), би требало да значи некакво потврдување, побаравме, на ист начин, како што Меморандумот е потпишан предизборно и во функција на изборите, Здружението од Охрид, јавно, пред да настапи преедизборниот молк, јавно да се огради од Меморандумот.
ПОВТОРНО – МОЛК!
Што сеоднесува до писмениот поднесок со истите барања, добивме ,,задоволителен,, односно мајтап-одговор, дека, тие, легално, според процедурата, ќе го постават на Собранието, некаде пред нова година!
На нашата забелешка, зошто така не попстапиле и со Меморандумот, уште еднаш – МОЛК!
Толку беше од средбата внатре во канцеларијата на претседателот на Сојузот.
Е, сега, бидејќи изборите поминаа, можеме да соопштиме како беше надвор, во неофицијалните разговори, односно муабети. Од разбирливи, колегијални причини, имињата нема да ги наведувам, а редоследот на нашите соговорници е наведен погоре.
За едниотод нив, и не е важно што рекол претседателот, тие си знаат како да постапуваат. Како гаранција за да му веруваме, ни ја понуди информацијата дека тие веќе се состанале со раководството на општинската организација на СДСМ во Охрид!
За другиот, кој, во официјалниот дел беше најгрлат во осудата на нашето фракционерство во Сојузот, дрскоста и кој сме ние нив да ги прашуваме како на суд, НАСАМО НИ ПОКАЖА ЧЛЕНСКА КНИШКА НА СДСМ!!!
Третиот, пак, пртседателот на Сојузот Аргировски, го почести со, цитирам: – ОНОЈ ГЛАУЧОН!
Вака беше во Охрид. Колку што медиумите известија, слични организирани протести и негодувања имало во Скопје, Прилеп, Штип и Струмица. Дали и таму, како и во другите градови, раководствата едно мислат и говорат официјално, а друго во слободен разговор – незнам. Но, совршено знам, како со парите од нас пензионерите, се одржува шупливата клиентилистичка тврдина на Драги Аргировски.
Односно, за раководствата на здуженијата и на Сојузот во Скопје, поголема е вредноста на паушалите од десетина до триесетина илјади денари месечно, отколку личното достоинство, срамот, народски кажано – намусот, што очигледно го немаат штом, на ваков начин, како согласни калугери, мрсат и во петок!
Конечно, како е можно и што (ако не парите!) стои зад гранитното единство околу Драги Аргировски, како недајбоже да се повампирил енверизмот, кога 101 посто гласаа за неговата Партија на трудот, односно како да не заробило единството на легендарниот водач Ким Ил Сунг!
Зборот, ми беше Како е можно од ниту едно Здужение на пензионери во Македонија, да не писне ниту еден, да не се огласи ниту еден орган, за една постапка на Аргировски, која не само што е дијаметрално спротивна од одредбите на Статутот на Сојузот, туку нема ништо со здравиот разум, се разбира, во едно здраво демократско, повеќепартиско општество, од какво, за жал, и според овој пример, ние сме МНОГУ ДАЛЕКУ!