Уапсени две лица во Куманово и Тетово, додека шумите горат, тие подметнувале пожари

Уапсени се две лица во Куманово и во Тетово, кои се осомничени дека подметнувале пожари. Полицијата во Куманово го лишила од слобода С.С.(57), кој ќе одговара за кривично дело предизвикување на општа опасност, бидејќи во населбата Рајкова куќа предизвикал пожар кога запалил сува трева, а горело и патничко возило “ауди”, напуштена куќа и ниви.
Полицијата од Тетово, пак, го уапсила И.М.(41) од селото Челопек поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press