Скопјанец со закани извлекол 1,5 милиони денари од друго лице, се соочува со максимална затворска казна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама, денеска ги разгледа наводите и прибавените докази, по што против осомничениот одлучи да поведе истрага за продолжено кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Како што информираат во Обвинителството, пријавениот, во периодот од 15 до 28 јули, со намера да се стекне со противправна имотна корист, уверувал едно лице дека против него ќе биде поведена судска постапка ако не исплати околу 1.500.000 денари.

„Познавајќи го оштетеното лице од минатото, во повеќе наврати од различни телефонски броеви, претставувајќи се во име на министерот за внатрешни работи и тројца јавни обвинители, преку пораки го контактирал осомничениот и ги барал од него паричните средства со цел да биде изземен од обвинение, односно да не биде спроведена постапка против него“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Оштетеното лице, во четири наврати на различни локации во Скопје, му ги дало на осомничениот парите.

„За ова дело е предвидена построга затворска казна која изнесува најмалку една година, а може да биде изречен и законскиот максимум. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, се додава во соопштението од ЈО.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press