Земјотрес со јачина од 3 степени бил почувствуван синоќа во Кичево, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Вчера во 20 часот и 39 минути регистриран е земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Кичево, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, информираат оттаму.