ШТИП: Импресивна изложба на сликарот Миливој Симеонов во Домот на култура „Ацо Шопов“

Штип, 21.10.2025

Миливој Симеонов, ликовен уметник од Виница, во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип ја отвори својата најнова самостојна ликовна изложба под наслов „Анатомија на прогресот“.

Пред бројна публика која синоќа дојде во „Галерија 22“ да го проследи настанот, за уметничката визија на Симеонов говореше Маријана Николова, филолог.

Анатмија на прогресот“ на Миливој Симеонов е изложба што не ја гледате само со очите, туку ја чувствувате со сите сетила. Не се отвора пред вас нагло, ами повлекува полека, како некој тивок разговор што сакате да потрае или мелодија што цело утро си ја потпевнувате“, рече Николова.

Таа посочи дека ова патување на уметникот го знаела од самиот почеток.

Ги видов првите искри на идејата, оние мигови кога мислите се судираат и создаваат бура што треба допрва да се обликува. Ги слушнав тивките дилеми, ги почуствував моментите на сигурност кога коцките на визијата конечно дојдоа на своето место“, порача Николова.

Анатомија на прогресот“ е патување низ преодот од младоста во зрелост, оној невидлив но длабок процес кој сите го минуваме, а портретите изложени во „Галерија 22“ ппри Домот на културата во Штип го носат токму тој миг на радоста.

Изложени се дваесеттина протрети на девојќи од Виница, родното место на Миливој Симеонов, кој дипломирал на ФЛУ на отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на професорот Душан Перчинков. Член е на ДЛУМ и на Здружението на уметници „УМ“-Виница, а до овој момент има реализрано шест самостојни изложби додека негови дела биле дел од триесеттина групни изложби и колонии.

Симеонов работи како ликовен педагог во СОУ „Ванчо Прке“ во Виница.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press