Србин сакал да внесе во земјава 130 килограми марихуана скриени во камион

Основното јавно обвинителство Куманово започна истрага против српски државјанин кој е осомничен дека пред два дена на граничниот премин Табановце, во камион со ладилник со словенечки регистарски ознаки, се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана.

Дрогата, била спакувана во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, а ја пронашле царинските службеници при контрола на возилото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување притвор за осомничениот кој ќе одговара за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press