Министерството за финансии информира дека земјава, преку органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија, донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата одлука следи по актуелните случувања во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
„За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција“, стои во соопштението на Министерството.
Во моментот, националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе превземаат дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања. Земјава од Европската комисија уште од 2009 година го има добиено од правото за децентрализирано управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот.
Николовски: ИПАРД програмата суспендирана поради корупциски скандал, власта молчи
