Поетско читање на гости од Хрватското книжевно друштво од Риека

Во рамките на балканската турнеја на Хрватското книжевно друштво од Риека, утре – петок во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе гостуваат тројца поети.
Поетот Валерио Орлиќ и е добро познат на охридската и македонската културна јавност. Тој е основач и почесен претседател на Хрватското книжевно друштво од Риека. Зад себе има бројни награди кои ги добил за своето творештво и овде кај нас.
На настанот ќе се претстават и поетите Срѓан Духовиќ, роден на Корчула – Хрватска и Станка Раѓеновиќ – Станојевиќ родена на Цетиње во Црна Гора.
Преку поезија и разговор авторите ќе ги претстават своите најнови наградени стихозбирки и своето севкупно творештво.
Модератори на настанот ќе бидат Милчо Јованоски и Веле Митаноски а свое обраќање ќе има и Христина Трпеска, директорка на Библиотеката.
Формален домаќин на поетите и нивниот престој и настап во Охрид е Здружението за култура и литература “Мацково” кое е организатор на Балканскиот поетски камп „Ванчо Николески”.
НУ Библиотека

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press