Штип, 20.11.2025
Голема полициска рација се случи утринава во Штип и во Струмица при која се уапсени 11 лица вработени во Управат за приходи во овие градови. Сите тие се сомничат за незаконски дејстваија во врска со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој пожар загинаа 63 млади луѓе.
Според netpress.mk со истражните дејствија се опфатени:
Михаил Ј. е осомничен за „Давање поткуп“ по член 358 од КЗ и Давање награда за противзаконито влијание по член 358 -а од КЗ.
Драганчо П. од УЈП Штип, осомничен за кривични дела „Примање поткуп“ по член 357 од КЗ и „Оддавање службена тајна“ по член 360 од КЗ. Тој е лишен од слобода и за него ќе се бара притвор.
Дуле Д. од УЈП Штип, за кривично дело „Примање поткуп“ по член 357 од КЗ и Примање награда за противзаконито влијание по член 359од КЗ. И тој е лишен од слобода и за него ќе се бара притвор.
Драган Ч. е осомничен за две кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“. Тој е вработен во УЈП Струмица, а живее во Гевгелија.
Атанас Ч. осомничен за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“ по член 361 од КЗ. Тој е вработен во УЈП Струмица, а живее во Гевгелија. И тој е лишен од слобода.
Алки К. осомничен за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“ по член 361 од КЗ. Вработен е во УЈП Струмица и живее во Струмица.
Александра Ч. е осомничена за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“ по член 361 од КЗ. Вработена во УЈП Струмица, а живее во Валандово.
Никола Т. вработен во УЈП Штип е осомничен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од КЗ.
Александар К. осомничен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од КЗ. Тој е вработен во УЈП Штип и живее во Штип – лишен од слобода.
В. К. од Кочани, осомничен за кривично дело „Оддавање службена тајна“ по член 360 од КЗ .Д. Ј. е осомничен за кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 4 од КЗ.
