КУП 2026-ЖЕНИ: Четвртти трофеј за Баскет кам или прв за Крива Паланка?

Баскет кам и Крива Паланка се финалистите на 34. издание на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Двете екипи кои се водечки во Првата лига, ги оправдаа фаворитските улоги во полуфиналните мечеви.

Домаќинот, иако без помошта на Сања Адамовска, својот стартен плејмејкер, го совлада мотивираниот состав на МЗТ Бела вода. Додека уште поубедлив беше настапот на кошаркарките од Крива Паланка, кои славеа со висока разлика во мечот против екипата на Бадел 1862.

Вечерва од 18.часот, во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, не очекува еден возбудлив и неизвесен натпревар, во кој победникот ќе биде наследник на скопски Вардар, односно нов освојувач на пехарот во националниот Куп.

За разлика од Баскет Кам, Крива Паланка за првпат во својата историја ќе игра едно финалето во ова натпреварување.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press