ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, Судскиот совет експресно разрешувал неподобни  судии како во случајот со Катевеноски од Врховниот суд

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во време на владеењето на СДС и ДУИ судството било ставено под политичка контрола, при што, како што тврдат од партијата, по насока на тогашната власт биле разрешувани судии кои не биле „подобни“.

Според нивното соопштение, како пример го посочуваат поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, кој во јавноста изјавил дека бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење во предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека по неговата изјава Судскиот совет свикал итна седница и во рок од еден ден го разрешил, иако, според нив, неговото мислење било дадено зад затворени врати. Партијата оценува дека тоа е доказ за политички притисоци врз правосудството и за, како што велат, „партизација на институциите“.

Во соопштението се наведува и дека во тој период се бирале „подобни судии и обвинители“, а оние што одбивале да постапуваат по политичка насока биле тргнувани од функција. ВМРО-ДПМНЕ бара целосни реформи во правосудството и утврдување одговорност за, како што наведуваат, злоупотребите.

Од СДС и ДУИ засега нема реакција на овие обвинувања.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press