Лејди Гага откри дека наскоро ќе се венча со својот свршеник Мајкл Полански.
Веста ја споделила во однапред снимена порака во радиоемисијата „Romantic Radio“ на Бруно Марс на iHeartRadio.
„Мојот свршеник и јас патувавме цела година, а наскоро ќе се венчаме. Се надевавме дека ќе ни избереш некоја посебна песна“, рекла Гага.
View this post on Instagram
Неколку месеци претходно Полански за „Ролинг Стоун“ изјави дека двајцата сакаат приватна церемонија наместо голема свадба.
Гага претходно откри дека Полански ја запросил во хотелска соба по заедничко планинарење, кога извадил свршенички прстен од ранецот. Таа за свршувачката првпат зборуваше на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Depositphotos
