(Видео) Ѕвезда од „Вил и Грејс“ почина на 60 години по борба со рак

Актерот Кори Паркер, познат по улогата во серијата „Вил и Грејс“, почина на 60-годишна возраст, соопшти неговата тетка Емили Паркер.

Тој починал минатиот четврток во својот дом во Мемфис по борба со рак, пренесува Ти-Ем-Зи. Не е наведено за кој тип на рак станува збор.

Паркер ја започнал актерската кариера во средината на 1980-тите, а се појавил во филмот „Фрајдеј д 13т: Парт V – е њу бигининг“, како и во култниот филм „9 ½ викс“. Подоцна добил улога во ситкомот „Флаинг блајнд“.



Во серијата „Вил и Грејс“ го играше момчето на главната хероина, која ја толкува Дебра Месинг.

Во текот на кариерата се појави и во филмови и серии како „Билокси блуз“, „Вајт палас“, „Лав боут: д некст вејв“, „Нешвил“ и „Блу скајс“.

Во подоцнежните години работел како учител по глума и го пренесувал своето искуство на актерите во сериите „Сан рекордс“ и „Мс. Марвел“.

Фото: Depositphotos

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press