РФМ го закажа Редовното годишно Собрание

На седницата на Управниот одбор, која се одржа вчера, беше разгледано и прашањето за одржување на Редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија.

За новото раководство на „куќата на ракометот“, предводено од претседателот Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски, ова ќе биде прво собрание откако ја презедоа одговорноста да го водат македонскиот ракомет.

Очекувањата се дека на Собранието ќе се отворат клучни теми поврзани со идниот развој на ракометот, функционирањето на клубовите, како и насоките во кои ќе се движи федерацијата во наредниот период, а истите ќе придонесат за што подобра иднина на спортот кој со години носи радост и гордост во нашата земја.

Редовното годишно Собрание ќе се одржи на 28 март со почеток во 11 часот, на веќе познатата локација – во Град Скопје.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press