Македонска Каменица, 06.04.2026
Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ – Македонска Каменица распиша конкурс за избор на најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик, кој и оваа година традиционално го распишува Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ Македонска Каменица.
Поединостите во однос на конкурсот можете да ги видите погоре, а информациите говорат за тоа дека овој единствена фестивал од ваков вид кој е во чест на првиот македонски печатар Јаков од Камена река е основан пред четири години од невладината организација „Надеж-Норе“ од Македонска Каменица. Цел-промоција на јазик, кирилично писмо, идентитет, македонската историја, култура, наука, образование.
Признанијата се доделуваат на специјална манифестација која годинава ќе се одржи на 15 мај (петок) во 19 часот во рударскиот град.
