Кочани: Suport обезбеди медицински креми за третман на лицата  погодени од пожарот во дискотеката Пулс

Кочани,  15.04.2026

Медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во Кочани, во вредност од нешто над еден милион денари обезбеди граѓанската иницијатива Suport-Koчани.

-Оваа потреба е реализирана оd дел од преостанатите средства од донациите кои нашата иницијатива ги обезбедува за помош и поддршка на настраданите во пожарот во дискотеката Пулс, рекоа од Suport.

Набавени се 300 креми Bioderma SPF 50, 300 креми Cicatrix и 150 сетови La Roche-Posay, кои се наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лицата со изгореници.

-Набавката е реализирана во директна комуникација со засегнатите лица, а согласно нивните реални потреби, со цел да се обезбеди соодветна и навремена поддршка во процесот на закрепнување, посочија од Suport Кочани.

Кон обезбедувањето на кремите се приклучија иа бројни аптеки преку овозможување значителен попуст.

Од граѓанската иницијатива информираат дека лицата на кои им се потребни овие препарати истите ќе можат да ги подигнат од младинскиот центар „Гнездо“ во Кочани.

Од Support порачаа дека тие остануваат посветена на помошта и грижата за сите засегнати, сè додека постои потреба за тоа.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press