Штип, 15.04.2026
Општина Штип по третпат го организира модниот настан „Shtip Fashion Days“, информираше на денешната прес-конференција секретарот на општина Штип Вишна Шорова-Ангелова. Настанот ќе се одржи на 17 и 18 април во Трговскиот центар во Штип.
-На настанот ќе бидат претставени осум ревии, кои ќе бидат создадени од поголемите штипски модни компании, а оваа година поддржуваме и доста голем број млади дизајнери, кои ќе имаат можност да ги претстават моделите пред пошироката јавност. Ново годинава е тоа што настанот ќе биде отворен со ревија на креации од 15 иснпиративни од приватните и државните универзитети во државата, посочи Вишна Шорова-Ангелова.
Студентот кој ќе ја добие наградата за најдобар моден дизајн ќе има можност на следниот моден настан „Shtip Fashion Days“, што ќе се одржи во текот на есента да се претстави со цела своја колекција.
Организаторот очекува настанот да го проследат голем број штипјани и гости од соседните општини.
