Лазаров денеска прозива за мисијата Словачка и нов пласман на Светско!

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе означи старт на мини-подготовките за бараж мечот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија.

Селекторот Кирил Лазаров денеска (13:30 часот) во хотелот „Александар Палас“ ја закажа прозивката. На скратениот список се најдоа 20 ракометари.

Првиот натпревар се игра на 14 мај во Прешов, додека реваншот е закажан три дена подоцна во СЦ „Борис Трајковски“, билетите за оваа средба веќе се пуштени во продажба.

Македонија ќе се бори за 10-тото Светско првенство во својата историја, осмо по ред.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press