ВМФЛ: Ќе биде “жешко“ во Штип, Брегалница против Шкендија Арачиново!

Денеска од 16 часот се играат сите осум средби од 28.коло во ВМФЛ. Сите погледи ќе бидат свртени кон Штип каде се игра дербито меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново. И тоа како ќе биде “жешко“ во Штип, се очекува голема посета на трибините а фановите на Брегалница очекуваат победа. Нема дилеми дека овој меч е најважниот за “сините“ кои во случај на триумф и три бода и тоа како милиметри ќе бидат блиску до враќање во елитата. Од друга страна Шкендија Арачиново мора по секоја цена да оди на победа ако сака да ги задржи своите шанси за првото место.

Во секој случај ќе биде супер интересно.

Скопје не би требало да има проблеми на гостувањето кај Тетекс да дојде до нови три бода, додека Охрид игра дома со Г.Коњари и веројатно трите бода веќе ги има впишано.

Во пресрет на денешните средби Брегалница е прва со 64 бода, Скопје е втор со 62 бода, трета е Шкендија исто со 62 а Охрид четврти со 59. Првиот оди директно во ПМФЛ, вториот и третиот ќе играат бараж.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press