Европа полуде по неа: Кoja е Дара, пејачката што ѝ ја донесе историската победа на Бугарија?

Од девојче кое пеело народни песни во Варна до новата евровизиска сензација на Европа – Дара преку ноќ стана најголемото музичко откритие по победата на Евровизија 2026.

Со експлозивната песна „Бангаранга“, спектакуларниот настап и енергијата што ја освои и публиката и жирито, бугарската претставничка ѝ ја донесе на Бугарија првата победа во историјата на Евровизија.

Зад сценското име Дара се крие Дарина Јотова – пејачка која во својата татковина со години важи за огромна поп-ѕвезда, но токму Евровизија ја претвори во европски феномен.

Нејзиниот настап во Виена беше еден од најкоментираните на целото натпреварување. Модерен поп звук, балкански ритми, фолклорни елементи и агресивна сценска енергија – комбинација што буквално ја „запали“ арената.

Публиката особено ја памети впечатливата кореографија, моќниот вокал и визуелниот спектакл со кој Дара ја претвори сцената во вистински музички хаос – токму како што сугерира и насловот „Бангаранга“.

Самата пејачка објасни дека зборот потекнува од јамајкански сленг и означува „бунт“, „метеж“ или „хаос“, но за неа има подлабоко значење.

„Тоа е чувство кога ќе одлучите да ја изберете љубовта наместо стравот“, изјави Дара по полуфиналето.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press